ТАЈНАТА НА ЗАВЕДУВАЊЕ НА ЖЕНАТА КОЈА ГО ОСВОИ МИЛИЈАРДЕРОТ ЏЕФ БЕЗОС!

  • January 14, 2019

Лорен Санчез, жената поради која американскиот милијардер, Џеф Безос би можел да остане без своето богатство, според светските таблоиди, има посебен начин као ги заведува богатите, моќни мажи.

Врската на поранешната ТВ водителка и сопственикот на „Амазон“ брзо беше откриена откако Лорен наводно на пријателките им проследувала интимни фотографии кои тој ѝ ги праќал.

Врската им е откриена по осум месеци.- Лорен со милијардерот Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“

Во Холивуд, сега постои начин на заведување кој се нарекува „Санчез метод“. Според таблоидите, таа им го открива само на избрани пријателки од светот на шоу бизнисот. Кај Лорен, важна е првичната комуникација на социјалните мрежи и пораките кои им ги испраќа на оние кои сака да ги заведе. Втората фаза е нејзиното заведување во живо, „случајните“ допири за време на состаноците и погледите од кои ни еден маж не останува рамнодушен.

Џеф Безос, пред неколку дена објави дека се разведува од неговата сопруга Мекензи, а брзо потоа е откриена неговата осуммесечна врска со Санчез. Лорен неодамна се разведе од Патрик Вајтсел , еден од извршните директори на агенцијата WME, за која меѓу другите актери, договори потпишаа и Мет Дејмон и Хју Џекман.

Извори блиски на Лорен, за таблодиот „Сан“ изјавиле дека таа е позната по врските со секој кој е битен во Холивуд. Осим двете деца со Вајтсел, Лорен го има и 17 годишниот син Ник, чиј татко е поранешниот НБА играч Тони Гонзалез. Беше свршена и со актерот Хенри Симпсон.

Претходно «
Следно »