ТЕБЕ НЕ ТИ СУДИ СУДОТ, ТУКУ ПОЛИТИКАТА: Се’ ќе помине, се’ ќе се издржи, но нема да се заборави!

  • November 5, 2018

Граѓаните преку социјалните мрежи му изразуваат поддршка на Никола Груевски. Тие му порачуваат да издржи: Тебе не те суди судот, туку политиката. Се’ ќе помине, се’ ќе се издржи, но нема да се заборави, стои во статусот кој граѓанин му го посветил на Груевски.

-Тебе не те суди судот, туку политиката. Се’ ќе помине, се’ ќе се издржи, но нема да се заборави.
Еден ден, во не така далечната иднина, кога ќе поминам по улица и кога ќе ги сретнам твоите дечиња, ќе запрам, ќе ги поздравам и гордо ќе им кажам:
– Ви сте челад на бедемот на Македонија. Гордо да чекорите и да знаете дека вашиот татко никогаш не ја предаде Македонија.

Сите сме свесни дека ти беше политичар кој најмногу сакаше да се реши спорот на името со јужниот сосед, но таа желба не те поведе во лудоста која ја поведе денешната власт да потпише бланко бел лист кој отпосле е наполнет со предавства на својата земја и својот род.

Македонија беше за тебе предизвик, твојот единствен и најголем предизвик. Да не се спие поради неа, да се работи деноноќно, да се ствара, реализира, исполнува ветеното пред народот, да се постави сопствениот живот во служба на татковината па макар за тоа пателе семејствто, пријателите и доста соработници.

Чекориме низ државава секојдневно и слободно можам да кажам:
-Нема место каде не е оставен белегот од работата на Никола Груевски.
Има некои како мене што секојдневно помислуваат на она што сме го изгубиле, и прави споредби со она што денес го имаме.Боли….боли до срж.
Изгасна перспективата, надежта и мотивот за подобро утре.

Нека ми се лути кој сака…јас повеќе не гледам ни малку надеж и перспектива, а родител сум….боли и ова..и те како боли.
Може да поведат уште милион валкани пропаганди врз тебе, но ниедна нема да го извалка твојот образ кај оние кои знаат кој си , и колку си значел за националниот интерес и просперитет на нашата земја.

И на крај ќе завршам со твоите зборови кои не само што одекнуваат, туку и водат, и те како водат низ оваа денешна темнина:
– Се додека опстојува тој столетен оган во идеите и целите на нашата партија, ВМРО ќе остане вистинскиот чувар и тоа цврсто јадро на Македонија. Бидете горди, бидете достоинствени, главата Горе, народот на Македонија зедно со ВМРО ќе оствари триумф. Доаѓаат подобри времиња, ќе се избориме за слободата и за напредок!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ
Да живее Македонија

…и јас ќе додадам
Да живее Никола Груевски, симболот на Македонскиот НЕПОКОР,завршува статусот.

Претходно «
Следно »