(Текст на договорот)СЕ ДОГОВОРИЈА ИЛИ НЕ: Бејли им даде годишен одмор на преговарачите – гувернаторот ќе ги оценува во Август!

  • July 20, 2016

Претставниците на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на денешната нова рунда преговори постигнале договор, изјави гувернаторот Џес Бејли по завршувањето на средбата.

bejli(5)

Партиите ги усогласија ставовите околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи да врши 15 смени на раководни функции и 10 % хоризонтално ниво.

Постигнат е договор околу избалансирано известување, избирачкиот список, и составот на преодната влада 100 дена пред изборите.

-Имаме добри вести, постигнат е договор. Партиите се согласија една година по договорот од Пржино да продолжи неговата имплементација. Преговарачките тимови се договорија Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица, иазјави американскиот гувернатор во Македонија Џес Бејли.

-Задоволен сум затоа што се отвора можност да се организираат фер демократски избори на кој ќе учествуваат сите и на кој народот ќе одлучи на кој ќе ја даде довербата. Народот ќе може да ги поддржи проектите и дела, градби реформи наместо деструкција уништување и криза. Задоволен сум затоа што со овој договорен се гарантира дека СДСМ ќе биде оневозможена да први масовни партиски чистки во МВР и дека со завршување на изборите завршува и оваа т.н. „пржинска“ влада, рече Тодоров.

Шеќеринка изјави дека ќе биде спроведена дебата во нив здруженија за формирање на ад хок тело.

Договорот е условен, доколку се исполни се она што денеска е договорено лидерите треба на 31 август да седнат и да го потврдат, доколку тоа е постигнато и во тој случај би имале избори на 11 декември.

Имено, договорот всушност и не е договор бидејќи реално ништо не е договорено, освен дека на 31 август дополнително ќе се сретнат за да се договорат дали биле спроведени барањата на Бејли, како дополнување на Пржинскиот и припремање на Македонија за сценарио по мострата на Турското.

Дописникот од Брисел Бобан Нонковиќ даде најреална оценка на она што денес било постигнато, а со кое толку многу се радува американскиот гувернатор во Македонија Бејли.

boban_bejli

Засега, СДСМ нема да добие место во владата, но доколку на 31 август американскиот гувернатор во Македонија каже дека може да се оди на избори, тогаш СДСМ повторно ќе го добие МВР но овој пат со „намалени“ ингеренции, што е апсолутно неточно.

Собранието неодамна донесе закон со кој му се одземаа ингеренциите на техничкиот министер во МВР за време на владата задолжена на избори да не може да прави кадровски промени. На тоа се противеше СДСМ (читај: Бејли). ВМРО-ДПМНЕ цврсто стоеше на ставот дека нема да даде министер со поголеми ингеренции, а денес Бејли во текстот на англиски (иако напишан во Македонија) соопшти дека СДСМ сепак ќе добие министер со ингеренции за кадровски промени во МВР.

На сличен начин на пример беа инкорпорирани пучистичките структури во Турската влада, армија, судови, образование, полиција итн.

dogovor dogovor2 dogovor3

Претходно «
Следно »