October 25, 2021, 7:28 am

Телефонски разговор Мицкоски- Палмер: Потврдено стратешкото пријателство со САД и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија г-динот Метју Палмер при што се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети.

Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности.

Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Воедно беше истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок.

Во разговорот од страна на Мицкоски беше посочено дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати било какви национални и идентитетски отстапки, а нашиот источен сосед ќе подржи одржување на меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

Latest News

Дневен хopocкoп за 25 октомври – еве што ве очекува денес

Овен Би можеле многу повеќе да заработите кога би покажале поголема иницијатива во работата. Фокусирајте се на приватниот живот кој...

More Articles Like This