Темелков од Канада за пописот: Должност на секој Македонец е да го запише неговото постоење

Поврзано

Член на СДCM и поранешен професо на ПМФ: Царовска е неука, неискусна импровизаторка

На програмите на МОН и Царовска се спротивставуваат и универзитетски професори, членови на СДСМ. Еден од нив е и...

ПЦР тecтот за kopoнавируcoт нема никаква врска со миkpoчипoBи

Манипулативен пост ја дезинформира јавноста дека со ПЦР тестовите се „чипираат“ граѓаните и на доволно јасен начин повикува...

И3mислени изјави на Жak Атали – гopиво за теориите на 3aговор околу KoBид-19 и во земјава

Лажни зборови на Жак Атали се вметнати како фалсификат во една книга со интервјуа, каде е поместено и интервју...
- Advertisement -

Македонскиот активист од Канада, Боби Темелков од Мисисага, смета дека должност на Македонците, вклучувајќи ја и дијаспората, е да остават трага зад себе со тоа што ќе се попишат „и денес кога сме под хибриден режим“.

„Мислите ли дека денес ќе пишуваше во некоја архива дека постоеле Македонци ако сите претходни генерации Македонци ги бојкотирале пописите поради тоа што сме биле поробени

Попис на Дијаспората!

Должност на секој Македонец е да го запише неговото постоење, Македонците го правеле тоа под разни окупации со векови, наша должност како Македонци е да оставиме трага зад нас и денес кога сме под хибриден режим.

Замислете ако Македонците бојкотирале пописи кога сме биле под некое ропство, а сме биле под ропство и окупирани од многу тирани и со векови! Мислите ли дека денес ќе пишуваше во некоја архива дека постоеле Македонци ако сите претходни генерации Македонци ги бојкотирале пописите поради тоа што сме биле поробени?

Пописите највероватно биле ‘штимани’ и тогаш, како што претпоставуваме дека ќе бидат и денес, но за да оставиш трага зад тебе, треба да постоиш и да бидеш запишан во некоја архива. Можат да нè бришат, можат да нè кратат, но ако се попишеме масовно не ќе можат да нè избришат сите!

Јас мојата должност како Македонец ќе ја исполнам, ќе се регистрирам во пописот и ќе го пополнам, ќе испринтам копија за мене и мојата фамилија дека сме Македонци со тапија, бугарскиот софтвер или хибридниот режим можеби ќе нè изостави или избрише, но тапијата дека сум се попишал како Македонец и ја носам Македонија во срцето ќе останат засокогаш, нив никој не може да ги избрише!“, резонира Темелков, кој е претседател на Светскиот македонски конгрес – Канада.

Статусот можете да го погледнете тука.

Latest News

(Видео) Се зaпaли камион во Автокоманда

Скопските пожарникари вечерва интервенираа во населбата Автокоманда каде се запалил камион, дознава 24 Инфо. Според очевидци, запалениот камион е кај...

More Articles Like This