ТЕПАЧКИ ВО СДСМ: Локален моќник од Виница му ја пукнал главата на сопартијец бидејќи барал работно место

  • August 8, 2018

Расправија помеѓу функционери на СДСМ во Виница во раните утрински часови во саботата резултирала со физички напад на С.Ѓ. советник од редовите на СДСМ во Општина Виница и син на командирот на сообраќајната полиција во градот врз С.Ј. секретар на ОО СДСМ во Виница, кој со видни повреди на главата завршил во штипската клиничка болница, од каде по излегувањето го пријавил настанот во полиција, пишува Нетпрес.

Извори од СДСМ Виница, за порталот брифираат дека локалното раководство неуспешно сакало да го затскрие инцидентот, во што не успеал и градоначалникот кој иако на одмор во Грција неколку пати му вртел на тепаниот да не го пријавува настанот во полиција, повторно со ветувања за разни бенефиции.

-Според извори од СДСМ, локалните функционери вршат притисок и врз локалната полиција, случајот да заврши како маргинална секојдневна тепачка. Низ Виница се погласно се зборува дека незадоволство на активистите и членовите на СДСМ во градот е се поголемо, луѓе кои активно работеле за партијата изминатите неколку изборни циклуси, и на кои им биле ветувани работни места, сеуште не се вработени. Кога истите ќе ги потсетат функционерите на партијата на ветувањата кои им ги дале наидуваат на агресија и напад, стои во текстот на Нетпрес.

Претходно «
Следно »