ТЕРЕЗА МЕЈ КОНЕЧНО ЗАДОВОЛНА: Постигнат напредок во преговорите за Брегзит!

  • February 21, 2019

По состанокот во Брисел со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, британската премиерка Тереза Меј изјави дека е постигнат напредок по прашањето за „цврстата граница” меѓу Северна и Република Ирска, кое го кочи договорот за Брегзит.


Премиерката наведе дека, сепак, времето истекува за да може неопходните промени да се „зацементираат”.

„Времето е од најголема важност, а во интерес на двете страни е кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ тоа да биде на организиран начин. Така што, имавме напредок“, рече Меј.

Претходно «
Следно »