ТЕРОРИСТИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ОТРУЈАТ: Ким Јонг Ун обвинува дека терористите од ЦИА сакале да го отрујат!

  • October 11, 2017

Северна Кореја ги обвинила САД за обид за атентат на Ким Јонг Ун на почетокот на оваа година.

Државната новинска агенција “KCNA” објавила дека ЦИА со хемиско оружје се обидела да го убие севернокорејскиот лидер, и навела дека обидот за атентат “покажува дека главен виновник за тероризмот во светот се САД”.

“Во мај оваа година беше фатена група одвратни терористи кои се вовлекле во нашата држава по налог на ЦИА и јужнокорејските разузнавачки служби, за со биолошко и хемиско оружје да извршат терористички напад на седиштето на власта”, објавила “KCNA”.

“САД ја користи војната против тероризмот како оправдување за рушење на владите во други држави”, навеле од агенцијата.

Агенцијата исто така навела дека “САД менува бои како камелеон за да ги оправда рушењата на владите во други држави”. Го обвинила Вашингтон дека ја користи војната против тероризмот за да ја оправда американската интервенција во Авганистан, Ирак и Либија.

Севернокорејската влада во мај објавила дека го сопрела тајниот план на САД и Јужна Кореја за атентат на Ким Јонг Ун.

ЦИА одбила да ги коментира овие наводи. Пјонгјанг има долга историја на обвиненија кои не може да бидат потврдени.

Претходно «
Следно »