ТЕРОРИСТ ОД УЧК НАПАДНАЛ ТУРИСТИ ОД ТУРЦИЈА ВО ТЕТОВО: Припадник на УЧК нападнал туристи од Турција во Арабати Баба Теќе во Тетово!

  • July 8, 2018

Туристи од Турција пред 3 дена биле физички нападнати и натепани од извесен Тетовец со име Џумали при посетата на Арабати Баба Теќе во Тетово, пренесе порталот „Експрес.мк“

Вкупно 24 туристи се пожалиле на полицијата дека биле нападнати од овој човек во инцидентот за кој ниту еден македонски медиум досега не објави информација.

Настанот кој е лоша реклама за Македонија како туристичка дестинација не е забележан ниту во дневните билтени на МВР каде вообичаено се објавуваат и далеку помали инциденти.

Напаѓачот бил приведен со полициска интервенција во која учестувале неколку полицајци но за приведениот нема информација од МВР дали добил кривична пријава.

Како резултат на инцидентот во кој биле тепани и жени, турските тур оператори веќе нема да ги носат своите туристи во Арабати Баба теќето.

За настанот турските власти до македонската влада реагирала преку турската агенција за меѓународна помош и амбасадата на Турција во Скопје.

Се додека македонските власти не обезбедат лицето Џумали да не биде опасност за турските туристи тие нема да го посетуваат теќето кое е на листата на туристички дестинации за гости од Турција од 2002 година.

Турски извори посочуваат дека напаѓачот бил член на УЧК на Косово.

Претходно «
Следно »