ТЕТОВЧАНИ ПРЕПЛАШЕНИ: Нема решение за кучињата скитници во Тетово

  • September 1, 2018

Тетово нема решение за кучињата скитници. Веќе со години проблемот не е на агендата на градските власти. Кучињата слободно шетаат, напаѓаат граѓани, а опасноста се чини уште долго ќе ги демне тетовци. Бараат властите малку сериозно да размислат за проблемот, бидејќи најголемиот број жртви се децата, пренесува ТВ Алфа.

Во општината велат дека биле само свесни за проблемот. За сега имало само предлог одлука за започнување на процедура за пронаоѓање на локација за изградба на стационар и третирање на кучињата скитници во градот, што укажува дека проблемот уште долго ќе се влечка.

Инаку, подолго време во градот се шпекулира дека кучиња и од други населени места, со комбиња се носат и се истовараат во Тетово. Повеќето од нив се болни, гладни и агресивни.

Претходно «
Следно »