ТЕУТА АРИФИ И НЕВЛАДИНИТЕ НА СОРОС ГО ЗАТВОРИЈА ,,ЈУГОХРОМ“: 700 работници останаа без работа, а Тетово остана најзагаден град

  • February 3, 2017

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, заедно со неколку невладини организации на Сорос бараше затворање на фабриката „Југохром“, со тврдење дека таа го загадува градот и ги труе тетовци.

teuta-arifi-520x347

Под тој притисок „Југохром“ се затвори пред неколку месеци и 700 работници, Македонци и Албанци, останаа без работа, а нивните семејства без приходи.

Но овие денови, иако „Југохром’ не работи, Тетово е повторно на врвот на листата на најзагадени градови, што докажува дека загадувањето е последица од други локални фактори, особено греењето, дивата депонија во Тетово и возилата.

tetovo zagadenost

Градоначалничката Арифи и по четири години власт сè уште нема преземено посериозни мерки за ублажување на оваа ситуација во Тетово. Нејзиниот политички притисок резултираше со затворен „Југохром“ и отпуштени 700 работници, а нејзиното неработење со многу голема загаденост на градот Тетово, на штета на сите граѓани.

На полноќ Тетово беше најзагаден град во Македонија.

Претходно «
Следно »