ТЕШКА КРАЖБА:Часовници и накит вредни речиси милион денари украдени од стан во Скопје

  • March 2, 2018

Златен накит, рачни часовници и накит „сваровски“, вредни приближно еден милион денари, биле украдени од стан во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера Л.Ј. (62) од Скопје пријавила дека истиот ден во пладневните часови непознат сторител извршил тешка кражба во нејзиниот стан во Скопје.

„Сторителот со употреба на погоден алат ја отворил влезната врата, влегол во станот и одзел поголема количина златен накит, два рачни женски часовници ‘касио’ и неколку комплети женски накит ‘сваровски’ по што избегал. На тој начин сторителот стекнал противправна имотна корист од 947.500 денари“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот.

Претходно «
Следно »