ТЕШКА МЕХАНИЗАЦИЈА ПРЕД ВЛАДАТА: Земјоделците со тешка механизација се приклучија на протестниот марш „За заедничка Македонија“

  • March 10, 2017

Земјоделците огорчени од Тиранската платформа, со тешка земјоделска механизација се приклучуваат на протестниот марш во Скопје на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

 

zemjodelci1-640x480

Со трактори и комбајни, земјоделците кажуваат „НЕ“ на воведувањето двојазичност на целата територија на Македонија, на дебати кои се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија, вметнување на албанскиот јазик на банкнотите и монетите, како и воведување казни од три до пет илјади евра за неупотреба на албанскиот јазик.

 

zemjodelci-2-640x480

Поддршката ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА се помасовно продолжува да се шири, денеска ќе има протести во 26 градови.

Претходно «
Следно »