ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА СТРАЖА: Камион излета од патот, удрил и во возило!

  • September 25, 2017

Сообраќајна несреќа денес околу 16 часот се случи на патот Гостивар-Кичево на околу 500 метри пред Стража.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски во изјава за Курир информира дека во несреќата учествувале две возила.

-Товарно возило камион со охридски регистерски таблички и автомобилот со скопски ознаки. Во несреќата повредени лица нема, но причената е значителна материјална штета, вели Јосифоски.

Според првичните информации до несреќата дошло откако автомобилот кој се движел кон Гостивар изгубил контрола и удрил во камионот кој излетал од коловозот.

Во однос на одвивањето на сообраќајот, Јосифоски вели дека истиот се одвива нормално без прекини со наизменично пропуштање на возилата.

Претходно «
Следно »