ТЕШКОТИИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА: Русија успешно ги попречува американските беспилотни летала во Сирија

  • April 10, 2018

Руската војска ги попречува американски воени беспилотни летала што дејствуваат на небото над Сирија, создавајќи сериозни проблеми за американските воени операции.

Русите започнале да ги блокираат контролите на некои помали беспилотни летала на САД пред неколку недели, изјавија официјални лица. Руската војска е загрижена дека американската војска ќе ги нападне силите на Асад и почна да ги попречува GPS-системите на беспилотни летала што летаат над Сирија, објаснуваат официјалните претставници.

Попоречување, што значи блокирање или прекршување на приемот на сигнал од сателит од GPS, може да биде едноставно, според д-р Тод Хемфрис, директор на лабораторијата за радионавигација на Универзитетот во Тексас во Остин.

“GPS приемниците во повеќето беспилотни летала може да бидат прилично лесно блокирани”, вели тој,

Хемфрис, експерт за блокирање и попречување на GPS, предупредува дека ова би можело да има значително влијание врз американските беспилотни летала, предизвикувајќи нивни дефекти или паѓање. “Во најмала рака тоа би можело да предизвика сериозна конфузија” за операторот вели тој.

Американските аналитичари најпрво открија како руската војска ги попречува беспилотните летала во источна Украина пред четири години. Тој рече дека блокаторите првично биле откриени како слаби сигнали од вселената, отскокнувајќи од површината на земјата. Блокаторите “имале доста значајно влијание” врз беспилотните летала на Обединетите нации кои се обидувале да ја следат ситуацијата на теренот, приземјувајќи ја флотата со денови и стопирајќи ги разузнавачките информации од воздухот.

Одделот за одбрана не изјави дали блокаторите срушиле дел од беспилотни летала, наведувајќи ја оперативната сигурност. “Војската на САД има контрамерки и заштити за да ја осигури безбедноста на нашите екипи и беспилотни летала, нашите сили и мисиите што ги спроведуваат”, рече портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон.

Претходно «
Следно »