Тешко болен затвореник од Идризово почина на Геријатрија

  • July 11, 2019

Вчера во 12,54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал Г.А.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, осудено лице од Казнено-поправната установа Идризово, кое било на лекување, соопшти МВР.

Според пријвеното, Г.А. боледувал од карцином.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходно «
Следно »