ТЕШКО ДО МИР ВО СИРИЈА: Русија соопшти дека нема да дозволи подривање на мирот во Сирија, откако опозицијата поддржана од САД намерно го прекрши примирјето

  • February 25, 2018
  • Коментари

Русија ќе ги запре обидите за подривање на мировниот процес во Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија

Москва смета дека е важно што Советот за безбедност на ОН, со вчерашното усвојување на резолуцијата за 30-денвно примирје во Сирија, успеа да го спречи неодобрувањето на нереалното примирје на кое инсистираа западните земји, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Многу е важно што се успеа во спречувањето на усвојување на резолуцијата на која инсистираа западните членки на Советот категорично и со самата таа шема на примирје – сега документот поттикнува токму спротивставените страни на што побрз начин да прекинат со борбените дејствија, имплементацијата на претходно договорените аранжмани во тој поглед и преговарачката работа за општа деескалација и воспоставувањето на хуманитарни паузи на целата тероторија на земјата. Јасно е дека упатствата од Њујорк без конкретен договор помеѓу завојуваните сириски страни нема да резултира со прекин на огнот“, се истакнува во соопштението .

Претходно, медиумите известија дека џихадистите и сириската опозиција поддржана од САД намерно го прекршиле примирјето во Источна Гута со цел нарушување на мировниот процес и подривање на договореното примирје во земјата.

Претходно «
Следно »