ТИЕ ЖИВЕАТ КАКО ВО БРИСЕЛ: Народот живее како во Африка- тоа ние ќе го смениме“

  • April 10, 2019

Оваа средба за мене е многу важна, за сите нас е многу важна, зошто е премиерата пред 21 април, кога треба финалната средба да ја оддржиме, а таа да значи финална победа и вовед во уште една друга победа- на претседателската да се надоврзе и онаа на парламентарните избори за да може тогаш ние да покажеме како се водат евро-атлантски процеси и интеграции.


Ова го истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на митингот во општина Бутел.

-Како не се изморија од повторување, ЕУ, НАТО, но тоа се само зборови за нив, реторика, зад овие зборови нема никаква содржина, никаква суштина и тоа наскоро ќе го чујат, рече Силјановска пред бутелчани и додаде:

„Cpaмота е цели за кои велат дека се највисоки како ЕУ и НАТО, да ги употребуваат како алиби за својата егзистенција, а таа е различна од вашата егзистенција, од егзистенцијата на народот. Зошто да, тие живеат како во Брисел ако го споредуваме нивниот стандард, ама народот живее како во Африка. Тоа ние ќе го смениме“.

Претходно «
Следно »