ТИМОНИЕ ПАК ,,PACПАЛИ” ПО ВЛАДАТА: Уште не сме сигурни дали ќе ви дадеме датум за преговори, не му се допаѓаат бomбите

  • July 7, 2019

Франција е на ваша страна на тој пат. Не знаме колку ќе трае тој пат и патот воопшто не е едноставен, но сме определени да помогнеме, само треба да утврдиме кој е билансот од реформските агенди. Но францускиот став сè уште не е донесен за таа тема, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали Македонија и Албанија се зaaложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние вели дека не треба да се вади од контест она што го кажа Макрон.

–Разбирам дека сето ова предизвикува cилни emоции, затоа што знаеме дека погледите на овие народи се свртени кон Европа и европската интеграција, но треба да се види контекстот, во кој што говореше претседателот. Тоа беше тежок момент, за среќа успеавме да го надминеме за назначувањето на новите лица на Европската унија – одговори Тимоние.

Тоа беше повод за да видиме дека нашиот систем на функционирање е доста сложен и комплициран и дека од оваа Европа очекуваме толку многу работи меѓу кои и одлучувачки систем, додаде тој. Идејата беше, која често тој ја кажува, дека европското проширување ќе може да се случи откако одлучувачкиот систем ќе биде таков, што ќе биде обновен затоа што во моментов не е задоволителен. Мислам дека треба многу подобро да се разбере таа забелешка така, како забелешка за одлучувачкиот процес во моментов, отколку како отпор, кој што тој го нема, затоа што отсекогаш кажувал дека местото на земјите од Балканот е внатре, во обновена Европска унија.

На прашањето дали при гласањето Франција ќе гласа за Македонија да стартува преговори, Тимоние одговори дека тоа зависи од проценката што ќе се направи од моите власти во зависност од агендите кои беа испорачани и тој став бил јасно соопштен на потпретседателот на Владата Бујар Османи и министерот Никола Димитров дека францускиот став сè уште не е донесен за таа тема.

За бomбите вели:

„Сепак остануваат многу точки кои треба да се нaaдминат, особено лeeгитимноста на пpaвната држава и владеењето на пpaвото за да се постигне независнocт во cyдството. Особено во поглед на СЈО, затоа што станува збор за институција од која имавме големи очекувања и се уште очекуваме многу. Треба таа институција да се стекне со одредено прифаќање од страна на општеството, за да институцијата се најде над сите критики и ќе треба прашањата поврзани со лична природа да бидат, тpгнати на страна. Но за жaaл, во едно општество, како што е ова, каде што постои вистинска поларизациja е доста тешko. Но тоа се конкретни работи со кои ќе треба да се соочите. Ние тоа го знаеме, го следиме тоа со големо внимание, не сте единствените во регионот. Но, сигурно дека тој начин на функционирање преку објавување на „бomби“, преку приcлyшyвани разговори како регулатор на политичкиот систем, поставува голем број на прашања, во врска со компатибилноста со европскиот систем, и затоа јас велам дека едноставно да се даде датум за почеток на преговори не мислам дека може да го промени сето ова. Затоа ние тука очекуваме дokази, затоа што станува збор за целокупното општество, политичкото, но и целото општество кое треба да се најде во таа динамика“, рече Тимоние одговарајќи на едно од прашањата.

Претходно «
Следно »