ТИНЕЈЏЕР ОСТАНАЛ БЕЗ РАКА ОД ПРЕМНОГУ ПОРНОГРАФИЈА: Татко му ја отсекол раката на синот бидејќи премногу гледал филмови и порно на телефонот

  • March 6, 2018

45-годишен маж е уапсен во Теленгана, Индија, бидејќи му ја исекол раката на неговиот 19-годишен син поради неговата зависност од гледање на филмови и порнографија на неговиот мобилен телефон

Според полицијата, Мохамед Кајум Куреши бил уапсен во понеделникот поради обид за убиство по членот 307 од Индискиот кривичен закон.

Инцидентот се случил во селото Пахади Шареф во близина на градот Хидербад. Неколку дена пред инцидентот, двајцата имале расправија на темата, при што дошло до физичка пресметка помеѓу таткото и синот, а според информациите на полицијата синот му ја гризнал раката на таткото.

„Во понеделникот, таткото и синот започнале расправија на истата тема повторно. Во чинот на насилство, таткото земал сатар и ја отсекол десната рака на неговиот син“, соопштуваат од локалната полиција за Хиндустан тајмс.

Претходно «
Следно »