Тиранската Платформа на стенд бај – чека имплементација на Преспанскиот Договор

  • October 21, 2018

Тиранската платформа на стенд бај. Кога ќе се отвори Уставот ДУИ немала намера да го поддржи барањето на Села и Касами, албанската заедница да биде впишана како државотворен народ на Македонија, вели пратеникот ДУИ Артан Груби. Ама само сега. Додека траел процесот околу преспанскиот договор, оти приоритет негов бил зачленувањето во НАТО и ЕУ. Груби не кажа дека во иднина тоа нема да се направи,

-Сметам дека процесот на решавање на спорот името е од апсолутен приритет и најзначајниот процес од осамостојувањето до денес и нема да дозволиме за дневно политичко профитирање, било каков процес, да го загрози интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ, вели Груби.
Дали ДУИ игра на одложување, во пресрет на претседателските избори, кога владејачката гарнитура има намера да настапи со консензуален кандидат? Една од точките во „Тиранската платформа“ што албанскиот политички блок милува да ја именува како Декларацијата на политичките партии на Албаните, потпишана под диригентската палка на Еди Рама- е токму признавањето на Албанците како државотворен народ.
Уште една од точките: постигнување на целосна јазична рамноправност, е речиси завршена работа, со гласањето на законот за двојазичност. Сега непотпишан од шефот на државата, но ќе стои во фиока до претседателските избори.

Значи ДУИ пресметува дека вистинско време за дореализација на Тиранската платформа ќе е на пролет.
-Ако има некоја политичка партија која ги застапува интересите на албанската заедница, всушност најголем легитимитет и по број на пратеници сеуште имаме ние ДУИ. Јас сум многу директен и храбар и знам дека ќе бидам дури и нападант од опозицијата па дури и од нивните поддржувачи, но јас како што реков преходно, спремен сум било каков влог и личен, политички, кариерен, да вложам за да успее процесот, додава Груби.
Беса на Касами и Алијанса за Албанците, на Села нема да отстапат.
-Обезбедувањето на 2/3 од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти, вели Касами
-Верувам сите партии кои ја потпишаа декларацијата во јануари 2017 година ќе стојат на зборот и ќе го променат Уставот со цел и Албанците да ја почувствуваат оваа држава како своја. Албанскиот јазик да биде службен, како што стои во Декларацијата на политички партии на Аланците, но и што беше дел од Охридскиот договор и преамбулата или државата да биде на сите граѓани или на Македонците, Албанците и другите заедници, потенцираше Таравари.
Според Тиранската платформа Уставот на Република Македонија треба да одреди дека македонскиот јазик и кирилското писмо и албанскиот јазик со своето писмо, се службени јазици во Македонија. А една од точките е и дека ќе треба „сеопфатна дебата околу знамето, химната, државниот грб, со цел државните симболи да го рефлектираат мултиетничкото општество и етничката рамноправност“.

Превземено од Алфа тв

Претходно «
Следно »