ТИЈАНА СО СПЕЦИЈАЛНА ЧЕСТИТКА ДО ХАНА: Ќерката на Тамара вчера наполни три години!

  • April 30, 2019

Ќерката на нашата претставничка на Евровизија, вчера наполни три години.

Имено, на 29 април пред три години, Тамара и нејзиниот сопруг Александар станаа родители за прв пат.

Тодевска често на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од Хана, а таа учествува и во спотот за евровизиската песна.

Хана вчера наполни три години, а мама Тамара преку социјалните мрежи и го честиташе роденденот.

„3 години среќа, радост, љубов. Среќен роденден Хана моја, те сака мама највише на свет“ стои во описот на фотографијата.

Кон честитките се приклучи и нејзината тетка Тијана Дапчевиќ која напиша:

„На овој ден пред три години се роди Хана моја. Да си здрава, среќна, насмеана уште 105 години. Среќен ти роденден, да си жива и среќна да ни бидеш“ напиша Дапчевиќ.

Инаку, пред неколку месеци Хана го доби и братчето Дарен, односно Тодевска роди син.

Претходно «
Следно »