Тлото во Италија пропадна 70 сантиметри по силниот земјотрес

  • November 1, 2016
  • Коментари

Површината на тлото на одредени места во централна Италија пропадна за 70 сантиметри по земјотресот со јачина од 6,5 степени кој ја стресе земјата во неделата, соопшти денес италијанскиот Совет за истражувања.

zemnotresitalija

Врз основа на сателитски снимки, научиците од Советот и Институтот за геологија и вулканологија откриле деформација на тлото на површина од 130 метри квадратни во планинска област.

Делови во околината на Перуџа, околу 10 километри од епицентарот на земјотресот се потонати за 70 сантиметри, се наведува во соопштението на Советот.

-Толкаво потонување на тлото е невообичаено, изјавил за Франс прес портаролотна Советот за истражувања Марко Ферацоли кој додал дека по земјотресот на 24 август во Италија, земјата пропаднала до 18 сантиметри.

Снимките од воздух покажуваат дека планината е „пукната“ на одредени места.

Илјада слаби потреси продолжуваат да ја тресат Италија по силниот во неделата, а сеизмолозите проценуваат дека претстојат нови со слична јачина како тој, и дека смирувањето на земјата ќе биде долготрајно.

Италијански геолошки институт саопштио је да је осим више десетина слабих потреса јутрос забележен и један релативно јак, магнитуде 4,7.

Претходно «
Следно »