ТОА НЕ Е ЛУСКУЗНО ВОЗИЛО, ЈАС ИМАМ МЕРЦЕДЕС: Претседателот на врховен се поднови со БМВ од 40 илјади евра!

  • April 11, 2019

И претседателот на Врховниот cyд Јово Вангеловски ќе се вози во ново „БМВ“ вредно над 40.000 евра. Врховниот cyд вчера донесе одлука за набавка на ова возило од компанијата М-Кар. Станува збор за потполно исто БМВ какво што неодамна набави и Претседателот на Cyдскиот совет Зоран Караџовски. Тогаш Караџовски кој е и претседател на Cyдскиот буџетски совет кој ги одобрува парите за возилата, во изјава за Тв 24 кажа дека најмогу пари одобрил за cyдот со кој раководи како и за неговиот колега-претседателот на Врховен, Вангеловски, пренесува 24 Вести.

Јово Вангеловски пак во телефонски разговор ни изјави дека БМВ-то воопшто не го смета за луксуз.

„Воопшто не го сметам за луксуз, тоа е далеку под стандардите кои треба да ги има службено возило за претседател на Врховен cyд, имајќи во предвид какви се стандардите во Европските Врховни Cyдови. Ќе се возам само за службени потреби бидејќи приватно се возам во „Мерцедес“ кој е далеку полуксузно возило. И немам причина да уживам во возењето со службеното возило кое е значително поскромно од моето приватно возило“- изјави Вангеловски.

Претходно «
Следно »