ТОА НЕ Е НАРОД, СТОКА: Грци плукале, влечеле и малтретирале вработен во „Лукоил“

  • June 6, 2016

policija1Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот. Се работи за 35-годишниот Ј.А. кој бил удиран по главата и телото, по што го плукале, го влечеле и туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.

Во 15 часот во полициската станица во Куманово, поради основано сомнение дека се сторители на нападот врз вработениот на бензинската пумпа „Лукоил“, се приведени и задржани грчките државјани Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно «
Следно »