ТОДОРОВ ГО ПИШУВАЛ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА: Селективната правда за 27 април масло на ексминистерот за здравство

  • November 28, 2018

Послединте информации на Независен, говорат дека ексминистерот Тодоров директно учествувал во подготовката на законот за селективна амнестија, кој одметнатите пратеници од опозицијата ќе го претстават во Собранието и за кого ќе бараат поддршка. Да се потсетиме дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот имаше свој предлог закон за амнестија на сите инволвирани во настаните од 27 април, но таквиот предлог закон беше експресно одбиен од страна на пратениците на власта, а за него не гласаа ниту присутните одметнати пратеници од опозицијата. Наместо општата, амнестија власта нуди селективна амнестија во која неселективно ќе бидат опфатени сите пратеници кои гласаа за уставни измени без разлика на нивната улога на 27 април.

Имено после вчерашните изјави на Заев и Јанчев јасно како ден е дека тие блиско соработуваат со цел обезбедување на потребното парламентарно мнозинство за уставни измени. Во приказната за Северна активно е инволвиран и ексминистерот за здравство Никола Тодоров за кој објавивме дека присуствувал на средбата во саботата, со Заев, Вицето и Јанчев во еден струмички хотел. Токму поради активната соработката на Јанчев и Тодоров со власта на СДСМ, а со цел протуркување на уставните амандмани и промена на името спротивно на волјата на граѓаните, Тодоров беше исклучен од партијата, а Јанчев беше тргнат од позицијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ со одлука на Централниот комитет.

Веста за средбите и соработката прв ја потврди Заев кој посочи дека се говорело за работата на Координативното тело за помирување и за уставните измени и промената на името.

После изјавата на Заев, јавно се огласи и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој истакна дека тој и Тодоров ќе му помогнат на Заев против опструкциите што ги планирал лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, со цел да ги саботира уставните измени.

Претходно «
Следно »