ТОДОРОВ: ”Шарената револуција” е револуција на богатите против народот

  • June 16, 2016

Во вчерашната емисија „Јади Бурек“, гостин беше министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, кој воглавно зборуваше за наметнатата политичка криза во државата од страна на СДСМ и штета што ја причинија при така наречената ”Шарена револуција”.

todorov-jb

За ”Шарената револуција” која во принцип е водена од активисти на СДСМ и добро платени хонорарци на Сорос, Тодоров потенцира:

-Ова е револуција на богатите против народот, имаш на еден мал простор луѓе што поделиле околу 6 милиони евра за период од две години и тие протестираат и бараат некој права. И од кој ги бараат тие права и зашто ги бараат тие права е друго прашање. Но клучно прашање е како тие луѓе 50,100,200, 500 успеале да поделат 6 милиони евра со некаква си цел да срушат Влада, да покренат некој прашања итн… Сега замислете од другата страна, да го ставиме ова во друг контекст, колку земјоделци колку време треба да работат за да земат 6 милиони евра, незнам некој се занимавал со производство на тутун, некој што работел во текстилна индустрија или доктори, адвокати, значи овде станува збор за  луѓе кој што по прилично добро заработуваат. Затоа ви велам ова личи како револуција на богатите против сопствениот народ.

Штетата што тие ја причиниле според Тодоров , ќе мораат и да ја платат, откако ќе завршат соодветните постапки против нив:

-Ако некој прави инциденти со цел да предизвика насилство и преку тоа насилство да постигне некоја цел која е во спротивност со интересите на народот, дали е мудро да му се дозволи да ја постигне таа цел или да се најденачин да не се дозволи тоа. До овој момент точно гледаме фарбаат згради , блокираатт улици, тоа мислите дека го оправдува некој ?  Па јас мислам дека над 70% од граѓаните тоа не го оправудваат. На крај тоа ќе треба некој да го плати.

-Не сум баш сугурен дека така ќе биде, сепак тоа е штета што е направена од некој, таа штета е направена на државен имот и таа штета не е баш мала. Владата донесе заклучок со што го обврза Бирото за судски вештачења кој што е орган да прави вештачење и проценка на штети и таа штета ќе биде проценета и нормално врз основа на податоците што ќе се добијат од Бирото за судски вештачења органите на прогонот или државните институции ќе проценат која процедура ќе ја поведат”.

-Ние немаме друга држава, ако ние не си ја почитуваме нашата  држава, неможеме ни од странство нема да ни ја почитуваат , а неможеме да кажеме дека си ја почитуваме државата, ако институциите не си ги почитуваш. Така да, да оставиме на институциите да си ја завршат работата, во оваа држава има закони има институции и институциите треба согласно законите да си ја завршат својата работа и тој што се огрешил спрема законот да си сноси соодветна консеквенца, дополни Тодоров.

Претходно «
Следно »