ТОКИО ПРВО НА НИШАН: Северна Кореја лесно може да изврши нуклеарен напад на Токио во случај на закана од војна!

  • February 25, 2018

Токио брои популација од речиси 13.5 милиони луѓе со што е и најнаселената урбана средина во светот, односно 10% од вкупниот борј на население на Јапонија. Поширокиот регион на Токио пак, е дом на 37 милиони луѓе, и е најголемото урбано подрачје на планетата. Исто така е на нишанот на нуклеарките од Северна Кореја – пишува „Нешнл Интерест“

Ким ил-Сунг основачотна Севернокорејската држава и дедо на актуелниот лидер Ким Јонг Ун, постави цел за изградба на нуклеарни ракети со голем дострел кои ќе бидат во можност да ја бомбардираат Јапонија. Не поради тоа што имаат нешто против Јапонија, туку конкретно да ги бомбардираат американските воени бази во земјата. Планот на Сунг бил да се уништат воените бази за да се спречи авионска рација на Северна Кореја од авионите стационирани во овие бази во Јапонија.

Најголемиот број на воени бази на САД во Јапонија се во урбани средини, како резултат на недостатокот на корисно земјиште во Јапонија. Воздухопловните сили на САД ги затворија базите во Тачикава, која беше лоцирана во западниот дел на Токио. Една база, сепак, која најверојатно би била мета на напад е базата Јокота.

Јокота е дом на 14.000 Американски војници. Тука се наоѓа и штабот на силите на САД во Јапонија, командата на Воздухопловните сили и виталните операции, транспортна и медицинска база за армијата на САД во источна Азија. Исто така е дом на Јапонското воздухопловство и команда, и база од која се стационирани бомбардерите Б-29.

Во случај на војна, некои експерти се убедени дека Северна Кореја би лансирала широк нуклеарен напад дизајниран да ги шокира непријателите, да докаже дека нуклеарниот арсенал ќе биде искористе за да ги предупреди непријателите да не продолжуваат со напади.

Претходно «
Следно »