Топол ден е пред нас – температури до 38 степени

  • August 7, 2019
  • Коментари

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен во југоисточните делови. УВ индекс 9.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната температура од 28 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индекс 9.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност. Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.

Претходно «
Следно »