ТОП 10 НАЈДОБРИ САЈТОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: Ова се најдобрите 10 сајтови во Македонија за 2016 година!

  • December 31, 2016
  • Коментари

Ова е листата, рејтингот на 10-те најдобри портали на крајот од 2016 година, според светската ранг листа на порталите за Македонија, мерено од најпознатиот институт за рангирање на популарноста на порталите, американскиот специјализиран сервис alexa.com, кој мери број на поединечни посетители, број на отворени страници и број на посети и во комбинација од овие три најважни фактори дава конечен рејтинг на сајтовите во светот, со можност и за преглед на рангирањата за секоја држава одделно.

top-10-2016-mkd-2
Според сервисот на alexa.com и податоците за 31 декември 2016 година во Македонија убедливо најчитани се информативните портали, а по нив се забавните и дури потоа спортските и специјализираните како оние за мода, здрав живот, техника и слично.kurir-mk-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0 infomax

Топ листата на десетте најпосетувани и најпопуларни македонски информативни сајтови е следна:

1. Kurir.mk

2. Press24.mk

3. Sitel.mk

4. Puls.mk

5. Reporter.mk

6. Telegraf.mk

7. Infomax.mk

8. Vecer.mk

9. A1on.mk

10.Strat.mk

Од ова може да се види дека Македонците најмногу посетуваат сајтови кои се повеќе години присутни на пазарот, а во десетте најдобри заедничко е што имаат сериозни новинарски екипи, вестите се најчесто проверени и покриени со изјави, автентични редакциски информации, извори на информацијата, авторски коментари и факти.

Во рамки на сајтовите кои се занимаваат само со вести (без магазински информации), табелата изгледа малку поразлично.

1. iNFOMAX.mk

2. Kurir.mk

3. Sitel.mk

Оние сајтови кои практикуваат шпекулации, навреди, фотомонтажи и провокации се на дното од ранг листата, и не се дел ниту од најчитаните 50 на ранг листата за Македонија, што доволно кажува дека македонската интеренет публика е зрела и критична, бара професионалност наместо скандалозност.

Не е се во парите, па така сајтовите кои имаат изразита политичка функција и плаќани се од кампот на фондацијата Сорос како libertas.mk, plusinfo.mk, novatv.mk… со својата политичка пропаганда не наоѓаат место и интерес во пошироката јавност, не се дел од првите десет, како што не се ниту во најпопуларните дваесет информативни сајтови.

Согласно светските стандарди во Македонија има и агрегати, сајтови кои преземаат информации од стотина други портали и ги прикажуваат на својот сајт каде посетителот, на едно место, може да види што во даден момент објавуваат другите портали низ Македонија. Ова се трите најдобри информативни агрегати во Македонија:

1. Grid.mk

2. Time.mk

3. Vesti.mk

Рангирањето на alexa.com (дел од светски познатиот amazon.com) е најголем авторитет во светот кога се во прашање компаративните и поединечни рангирања на порталите, и главна алатка за оценка и употреба на сајтовите кај големите маркетинг агенции.

Претходно «
Следно »