ТОТАЛНА РАСПРОДАЖБА ВО УЈП: Ќе се продаваат станови, автомобили, инвентар, компјутери, телевизори….

  • April 15, 2018

Управата за јавни приходи на 27-ми април ќе одржи јавна аукција на која ќе бидат понудени голем број движни и недвижни предмети по мошне примамливи цени. Овој пат, на аукцијата се нудат околу 85 предмети, меѓу кои станови, градежни и земјоделски површини, автомобили, цистерни, куќен инвентар, компјутери, телевизори, машини, уметнички слики, солариуми и друго.

Последен рок за пријавување на јавната аукција е 20.04.2018 година.

Претходно «
Следно »