December 8, 2021, 5:14 am

Тој ќе средел со cyдот: Oбвинитeлoт Рустеми нyдeл пазар во случајот „ТНТ“ со ycловни kaзни за обвинeтитe за cyдењето побрзо да заврши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем скандал е на повидок во случајот „ТНТ“. Обвинителот Бурим Рустеми нудел вистински пазар за дел од обвинетите доколку признаат вина. Ова за „Република“ го тврди адвокатот Мерџан Даути вели дека отишол кај Даути со цел да издејствува да им се дозволи да ги презентираат доказите од почеток и во тој момент Рустеми излегол со неочекуван предлог.

Понуди условна казна за еден од обвинетите доколку ја признае вината. Доколку тој обвинет ја признае вината останатите обвинети би добиле високи ефективни казни од најмалку пет години. Јас на тоа одговорив дека мојот клиент не е виновен за ништо и како може да гарантира условна казна кога согласно позитивните законски прописи судот а не обвинителството носат одлуки по прифатен обвинителен акт обвинителот ми кажа дека тоа тој ќе си среди со судот -објаснува Даути за „Република“.

По ова се очекува Рустеми на утрешното рочиште да не прифати ниту еден доказ на одбраната.Брзањето на Обвинителот на поранешното СЈО е поради тоа што тој имал договор предметот ТНТ како и другите предмети кои ги застапува пред Основниот кривичен суд да завршат до крајот на година т.е најдоцна до 15.12.2021 година.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This