ТРАГЕДИЈА: Планинар почина на Попова Шапка

  • January 29, 2018
  • Коментари

П.А.(58) од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

 

Според неговите податоци случајот бил пријавен вчера околу 17 часот и 45 минути од страна на В.Н.(35) од Скопје кој заедно планинарел со сега починатиот П.А.

– По добиената информација набрзо на местото пристигнал ратрак со кој П.А. бил превезен до Полициското одделение Попова Шапка каде во меѓувреме пристигнале лекари од тетовската Брза помош кои биле претходно  повикани, но, само ја констатирале неговата смрт – изјави Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и при тоа не биле констатирани траги на насилство по што по наредба на обвинителот безживотното тело на П.А. било предадено на семејството.

Претходно «
Следно »