Трамп го покани Орбан на „работна средба” овој месец

  • May 2, 2019

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е поканет на „работна средба” од американскиот претседател Доналд Трамп, која треба да се одржи на 13 мај.

Тоа беше соопштено од портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач. Средбата ќе се фокусира на енергетската безбедност, одбранбената соработка, билатералните односи.

Во јули 2016 година, Орбан беше првиот национален лидер во Европската унија, кој го поддржа Трамп во изборната кампања за претседателските избори.

Орбан, кој освои трет последователен мандат со убедлива победа во април 2018 година, е голем противник на миграцијата и стана пример за многу европски националистички и екстремно десничарски партии.

Орбан денеска ќе биде домаќин на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој исто така е жесток противник на миграцијата.

Претходно «
Следно »