ТРАМП НА СРЕДБА СО КРАЛИЦАТА: Бакингамската палата објави дека Трамп ќе ја посети кралицата!

  • April 23, 2019

Бакингамската палата  објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Обединетото Кралство на почетокот на јуни. Според информациите од британските медиуми, Трамп се очекува да се сретне со Кралицата Елизабета Втора, но и со премиерката Тереза Меј.

Сѐ уште не се знае точниот датум на посетата на американскиот претседател.

Трамп и првата дама на САД, ја посетија Британија во јули 2018 година. За време на таа посета, Трамп се сретна со британската премиерка Тереза Меј и со Кралицата во замокот Винзор, по што замина за Шкотска на својот имот со голф терени.

Неговата последна посета не го воодушеви локалното население кое го пречека со бурни демонстpaции.

Претходно «
Следно »