ТРАМП САКА ВОЕНА ПАРАДА: Пентагон добил наредба за припреми за воена парада по примерот на Русија и Франција

  • February 26, 2018
  • Коментари

Во телефонски разговор за американската телевизија „Фокс Њуз“ минатата во саботата, претседателот на САД изјави дека воените генерали на САД „би уживале“ во голема воена парада на денот на Ветераните во Вашингтон

„Генералите со цело срце би го направиле тоа, ви велам, и јас би сакал“, изјавил Трамп.

„Мислам дека е одлично за земјата и ќе го подигне националниот дух“, додаде претседателот на САД, Доналд Трамп.

Претходно годинава, Трамп неофицијално, дал наредба до претставниците на Пентагон да почнат со планирање на голема воена парада, со сите воени формации, вклучително и фаланга од моторизирани оружја кои ќе дефилираат на авенијата Пенсилванија во Вашингтон. За време на раните фази од планирањето, сенаторите и конгресмените изразија несогласување.

Според анкетата на „Милитари Тајмс“, 89% од нивните читатели, кои примарно се војници и нивните семејства, велат дека паратада би била „непотребно трошење пари“.

Претставници на неколку гранки на владата, вклучувајќи го и Пентагон, изразија загриженост поради логистичките детали за парадата, вклучително и од каде би се нашле пари и дали улиците би можеле да ја издржат тежината на тенковите и механизацијата. Шефот на буџетот на Белата Куќа вели дека парадата би чинела околу 30 милиони долари.

„Ќе видиме ако можеме да го направиме тоа по цена која нема да биде превисока“, ветил Трамп во интервјуто за „Фокс Њуз“.

Трамп постојано ги изразува своите желби за парада уште од првата година на неговото претседателствување, особено откако присуствуваше на Денот на Бастиља во Париз.
Воената парада за денот на Бастиља, се одржува по повод Француската револуција кога парижаните влегоа во Бастиљската тврдина, а се одржува на 14. јули. секоја година од 1880 и е популарна во Франција.

На Капитол Хил сепак, Демократите и Републиканците се согласни дека таква демонстрација на воената моќ ќе ја направи САД да изгледа „тоталитаристичка“.

Претходно «
Следно »