ТРАМП СЕ ПОПИШМАНИ: По заканите за ракетни напади, Трамп со дипломатски пресврт – сега нуди помош и заедничка соработка со Русија!

  • April 11, 2018

За помалку од еден час откако ја предупреди Москва за ракетен напад во Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп понуди да помогне во зајакнување на руската економија и повика на прекин на „трката во вооружување“, пренесува Ројтерс и оценува дека се работи за дипломатски пресврт

Трамп, истовремено, напиша на својот Твитер профил дека односот на САД со Русија е полош од бил кога досега, дури и во споредба со периодот на Студената војна.

„Нема причина за тоа. Потребни сме и на Русија за да и помогнеме со нејзината економија, нешто такво би било лесно да се направи, а ни треба државите заедно да работат. Да ја запреме трката во вооружување?“, наведе Трамп.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го прокоментира твитот на Трамп – „Одлична идеја. Почнете со уништувањето на хемиското оружје. Американското“.

 

Твиттер Трампа продолжает. Нет повода сдерживать свой Фейсбук. СМИ: «ТРАМП ПРЕДЛОЖИЛ РФ ОСТАНОВИТЬ ГОНКУ ВООРУЖЕНИЙ -…

Posted by Maria Zakharova on Wednesday, 11 April 2018

Претходно «
Следно »