ТРАМП ЈА ОТВАРА ТРГОВСКАТА ВОЈНА И СО ЕВРОПА: Трамп се закани со 20 проценти тарифи за автомобили од Европската унија

  • June 22, 2018

Еден ден претходно, Брисел воведе одмазднички тарифи за “познатите” американски стоки, како што се фармерки, мотоцикли и вискито во вредност од 2,8 милијарди евра (3,3 милијарди долари) како одговор на тарифите на американскиот претседател за челик и алуминиум.

Американскиот претседател Доналд Трамп во изјавата од петокот вели дека ако Европската унија наскоро не ги отстрани тарифите и трговските бариери против САД, неговата администрација ќе воведе тарифи од 20 отсто за сите автомобили што доаѓаат од ЕУ.

На 20 јуни американските медиуми објавија дека водечките производители на автомобили во Германија предложиле укинување на данокот од 10 отсто од ЕУ и 2,5 отсто тарифа за увоз на автомобили од САД.

Во извештајот се вели дека за возврат, Трамп мора да се согласи да ја тргне својата закана за тарифите на увозот на автомобили од ЕУ од масата.

Несогласувањата во трговијата помеѓу САД и ЕУ се интензивираа откако Вашингтон воведе 25 отсто тарифа за увезениот челик и 10 отсто тарифа за увоз на алуминиум.

Трансатлантските односи стигнаа до најниска точка откако Доналд Трамп ги обвини своите партнери и сојузници за искористување на САД во однос на трговијата по неодамнешниот самит на Г7.

Американскиот претседател првпат го спомена воведувањето на тарифите во март.

Претходно «
Следно »