Трамп ја охрабри Меј да не попушта во преговорите со ЕУ

  • July 13, 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика британската премиерка Тереза Меј да внимава при постигнувањето на договорот за Брегзит и да гарантира дека САД и Велика Британија ќе можат слободно да тргуваат во иднина.

Трамп, кој е во посета на Велика Британија, ја критикуваше Меј за нејзиниот пристап кон преговорите со Европската унија и ја обвини дека премногу и попуштила на Унијата, поради што е можно во иднина Лондон да не биде во состојба да води сопствена трговска политика.

Американскиот претседател е поддржувач на британското напуштање на ЕУ и го посочи неговиот истомисленик о доскорешен шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, кој неделава ја напушти Владата на Меј поради несогласување со нејзиниот предлог за Брегзит, како добар иден премиер.

– Ја поддржуваме одлуката на британскиот народ да обезбедат целосно самоуправување и да видиме каде тоа ќе ги однесе. Се работи за многу комплицирани преговори, изјави Трамп.

epa06885796 US President Donald J. Trump (R) speaks to the media as he holds onto British Prime Minister Theresa May (L) following their joint news conference after their bilateral meeting at Chequers in Aylesbury, Britain, 13 July 2018. US President Trump is on a three-day working visit to the United Kingdom, first trip to the country as US president. EPA-EFE/CHRIS RATCLIFFE / POOL

Зборувајќи со Меј, Трамп денеска ја охрабри премиерката велејќи дека во иднина САД ќе бидат расположени да склучат поволен трговски договор со Велика Британија.

Меј посочи дека Велика Британија секако ќе ја напушти ЕУ на почетокот на 2019 година, независно дали дотогаш ќе успее да се постигне договор за иднинте односи со ЕУ или не.

Едно од главните спорни прашања е до која мерка Велика Британија ќе мора да ги прифати европските регулативи во економијата, а со тоа, индиректно, тие да важат и во нејзините трговски односи со САД.

Претходно «
Следно »