ТРАМП ЌЕ ГИ УКИНУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Можеби не веднаш, но во блиска иднина Трамп планира нова ера на соработка со Русија!

  • January 14, 2017

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп во интервју за весникот „Волстрит џурнал“ соопштил дека не планира веднаш да ги укине санкциите кон Русија, но не ја исклучува можноста дека тоа ќе се случи во иднина

tramp_sankcii

Како што соопштува весникот, политичарот во текот на едноночасовното интервју изјавил дека ограничувачките мерки ќе останат на сила „барем некое време“. Тој наведува и дека: „ако воспоставиме добри односи, Русија ќе ни биде од помош, зошто на некого да ставаме санкции, ако тој некој прави добри дела?“

Во текот на изборната кампања и по победата Трамп во повеќе наврати изјавуваше дека има намера да соработува со Русија. Претседателот на САД Барак Обама вчеравечер ги продолжи санкциите кон Русија на уште една година поради „ситуацијата во Украина“.

Претходно «
Следно »