ТРАЈКОВСКИ НЕ СЛЕТА, А ИВАНОВ НЕ ПОЛЕТА ОД БОСНА: Претседателскиот авион во дефект, Иванов со комерцијален лет назад!

  • May 30, 2016

Во авионската несреќа со владиниот Кингер што се случи на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија уште осум лица кои беа дел од неговиот кабинет, како и членови на екипажот. Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро исланирано…

avion_pretsedatelski

Дали Босна ни е впишана судбина, а авионите предупредување, посебно ако во нив летаат претставници на државниот врв кои не им се по волја на некои “меѓународни заедници“.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на 28 и 29 мај 2016 година учествуваше на состанокот на лидерите на “Брдо-Бриони Процесот“ и на регионалната бизнис иницијатива “Самит 100“, што се одржаа во Сараево. На состанокот на лидерите на “Брдо-Бриони Процесот“ во Сараево, претседателите ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, евроинтеграциите и проширувањето на Европската унија, како и за унапредување на регионалната соработка. На “Самит 100“, покрај македонскиот претседател Иванов учествуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, Младен Иваниќ и Драган Човиќ, претседателите на Хрватска Колинда Грабар- Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани и на Косово Хашим Тачи.

На 30 мај 2016 година утрото, владиниот Лирџет со кој патува претседателот Ѓорге Иванов, откажа во Сараево. Според техничарите откажала “бек-ап” електронската поддршка на авионот, со кој македонскиот претседател требаше да се врати во Скопје. Претседателскиот кабинет ја потврди информацијата. Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во земјава ќе се врати со редовна авио-линија, преку Истанбул, а авионот ќе остане во Сараево додека не се санира дефектот.

21 мај 2015 година владиниот Лирџет во кој беше премиерот Никола Груевски и делегација која се враќаше од Стразбур принудно слета во Цирих. При враќањето од Стразбур се случи дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слета во Цирих. Во авионот кажале дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок. Пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според протоколот за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром. Авионот од Цирих, беше префрлен во Нирнберг каде е седиштето на овластениот сервисер.

Лирџетот досега неколкупати имал технички проблеми. 2008 година откажаа сензорите во авионот поради прекин на жица со која биле поврзани 18 системи на леталото. Потоа неколку пати откажала електрониката. Еднаш и моторите на авионот не стартуваа заради што не полета за Сочи на 6 февруари 2014 година на отворање на Олимпијадата. Тогаш во авионот требаше да лета претседателот Ѓорге Иванов со сопругата.

Лирџетот е купен пред 11 години и државата го плати 11 милиони долари.

Производителот има вградени инсталации за далечинска навигација во авионот…

Во авионската несреќа со владиниот Кингер што се случи на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија уште осум лица кои беа дел од неговиот кабинет, како и членови на екипажот. 2004 година Борис Трајковски требаше да слета во Сараево, а оваа 2016 година од Сараево Ѓорге Иванов требаше да полета.

Впрочем, претседателот Иванов упати остри критики кон ЕУ и НАТО во Сараево.

Оваа информација во јавноста прв ја сподели дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ, иако се огради од истата како неофицијална но подоцна беше потврдено дека авионот останал во дефект и дека Претседателот Иванов лета со комерцијален лет до Македонија.

boban_avion_ivanov

Ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро исланирано…

 

Пишува Тодор ПЕТРОВ

 

Претходно «
Следно »