ТРГОВСКА ВОЈНА ПОМЕЃУ САД И ЕУ: Европската унија го повика Трамп да се подготви за контрамерки

  • March 7, 2018

Европската унија со последен обид да го спречи американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи за елик и алуминиум, ветувајќи “цврст” одговор и предупредување за широко распространета штета од трансатлантската трговска војна.

“Искрено се надевам дека ова нема да се случи”, изјави комесарот за трговија на ЕУ, Сесилија Малмстром, за новинарите во Брисел. “Трговска војна нема победници”.

ЕУ има намера да погоди голем број американски стоки со казнени тарифи во знак на одмазда на одлуката на Трамп да наметне 25 отсто давачки за странски челик и 10 отсто данок за увезениот алуминиум. Неговиот план е заснован на аргументи за национална безбедност, кој Малмстром го нарече “алармантен” и “многу неправеден”.

Како одговор на мерките на Белата куќа, ЕУ таргетира увоз од САД вреден 2,8 милијарди евра , вклучувајќи ги моторите Харли-Дејвидсон АД, фармерки од Леви Штраус и виски. Покрај таквите брендови, американските производи кои ќе се соочат со тарифи од ЕУ во вредност од 25 отсто се од челични шипки и моторни чамци до маички и сокови.

ЕУ како опасност ја гледа агендата на Трамп за Америка на прво место и закана за слободна трговија, а токму САД по Втората Светска Војна игра водечка улога во креирање на истата.

Трамп веќе ги има замрзнати разговорите за трансатлантскиот договор за отварање на пазарот, се повлече од транс-Пацифичкиот трговски договор и побара промени во 24-годишниот комерцијален пакт меѓу САД, Канада и Мексико. Тоа ги остави европските креатори на политиката да го бранат либералниот економски поредок за кој ЕУ се залага и притиска за договори за слободна трговија од Пацификот до Латинска Америка.

Претседателот на ЕУ, Доналд Туск, рече дека ќе ја додаде глобална трговија на агендата на Европскиот самит на 22-23 март, поради загриженоста за американската политика. Говорејќи во средата во Луксембург, пет дена откако Трамп го бранеше својот тарифен план велејќи дека “трговските војни се добри и лесни да се добијат”, Туск возврати: “Вистината е сосема спротивна: трговските војни се лоши и лесно се губат”.

Планот за метални тарифи на Трамп ќе влијае врз извозот на челик на ЕУ вреден 5,3 милијарди евра и извозот на алуминиум во износ од 1,1 милијарда евра минатата година.

“Ќе стави илјадници европски работни места во опасност, а за ова мора да има цврст и пропорционален одговор”, рече Малмстром. “Ова ќе биде штетно за транс-атлантските односи, но потенцијално, исто така, и за глобален трговски систем базиран на воспоставени правила”.

Претходно «
Следно »