ТРЕНИНГ КАМПОВИ НА ИСИС ВО МАКЕДОНИЈА И КОСОВО: Руски разузнавач открива за „Спутник“ страшни информации!

  • July 22, 2016

Во Косово се наоѓаат најмалку пет воени кампови на ИСИС, лоцирани во регионите на самопрогласената граница на земјата со Албанија и Македонија, открива извор во разузнавачките служби за руската новинска агенција „Спутник“

ISIS_kurtoni

Во интервју за „Спутник“ изворот истакнал дека има најмалку пет тренинг кампоив на ИСИС, лоцирани во близина на границата на Косово со Македонија и Албанија.
Најголемите кампови се наоѓаат во регионот во близина на градовите Урошевац и Ѓаковица, како и во реонот Дечани, рекол изворот за Спутник, додавајќи дека помали кампови се пронајдени и во регионот на Призрен и Печ.

Вкупно 314 Косовски Албанци заедно со терористите на ИСИС се борат против владините сили во Сирија и Ирак, меѓу кои и 38 жени, според извоот.

Што се однесува на регрутацијата, таа се одвива во две фази; прво се спроведува преку невладини организации кои оперираат во косово и во бројни приватни училишта.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Идните терористи на ИСИС прво добиваат перење на мозокот, потоа учат Арапски и го проучуваат Коранот, нешто што е проследено со таканаречен борбен тренинг, кои се водени од бивши членови на терористичката УЧК. Тие типично ги учат почетниците за герилска борба и како да користат оружје, меѓу другите работи“ – тврди изворот за „Спутник“.

 

[/kopa_block_quote]

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Дополнително, секој камп има неколку терористи на ИСИС кои одлучуваат кои ученици се спремни да заминат во Сирија, а кој е спремен да биде бомбаш самоубиец“, вели изворот, цитирајќи околу 70 семејни имиња на Косовски семејства кои одлучиле да се приклучат на ИСИС.

 

[/kopa_block_quote]

Изворот исто така предупредил за можноста ваквите кампови да се прошират и во Македонија и во Босна, каде што околу 800 џихадисти пристигнаа во војната во 90-те. Што се однсеува до Македонија, според изворот на Спутник, земјава штотуку почнува да ја согледува сериозноста на ситуацијата и почнува да се справува со овој проблем, потенцирајќи ги Македонските села кои претходно биле центри на УЧК, а веќе се претворени во тренинг кампови на ИСИС.

Полицајци ги надгледуваат планините во реонот на Гошинце

Полицајци ги надгледуваат планините во реонот на Гошинце

Во 2013 година, новинскиот сајт „Вестерн Балканс Секјурити Ишјус“ предупреди дека на територијата на Косовои и Албанија има поставено кампови на ИСИС, нешто што беше признаено од властите на Косово наредната година.

Во меѓувреме, изворот за Спутник додава и дека тренажните процеси се одвиваат непрекинато од 1999 година, кога терористи на Ал КАеда биле вклучени во тренингот на терористите на УЧК на Косово.

Во одделно интервју со Спутник, Фадиљ Лепаја, директоре на Центарот за Балкански Студии во Приштина, го потврдил ставот на разузнавачот, односно како што тој вели „границите на Косово со Албанија и Македонија постојат само на хартија, следењето на исламисти и тренинг кампови е речиси невозможно“

Тој додава и дека справувањето со поддржувачите на ИСИС е глобален проблем, а не само проблем на Косово и Албанија. Дури и мисијата на НАТО во Косово и сите нејзини релевантни институции не можат да се справат со оние кои се враќаат од војната во Сирија.

Претходно «
Следно »