ТРИБИНИТЕ НА УМС ПРОДОЛЖУВААТ: Во Велес промовирани 40 проекти за млади

  • September 29, 2016

УМС на ВМРО-ДПМНЕ продолжи преку трибини да ги промовира новите мерки  и проекти за млади од кампањата Македонија за младите. Салата во Ликовниот салон во  Велес беше претесна заинтересираните млади кои сакаа да дадат свои нови идеи или пак предлози за измни на некои веќе постоечки проекти за младите.

ums
На трибината беа промовирани над 40 проекти и мерки кои изминатиов период беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На трибината беа пристуни млади од Велес, Свети Николе, Лозово и Чашка.
ums1
Свое обраќање на трибината имаше потрпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски каде што ја потенцираше важноста од одржжувањето на вакви трибини. Тој напомена дека голем дел од проектите кои беа промовирани се предложени токму на вакви трибини кои се одржуваа изминатата година  во секоја општина низ Македонија.
ums2
Ѓорѓиевски промовираше неколку битни мерки кои се во интерес на секој млад човек. Тој ги појасни условите за аплицирање за проектот Купи куќа за млади, мерката Бесплатни викенди во железничкиот сообраќај, за новите читални и за враборувањето на 100-те најдобри студенти.
Други говорници на оваа трибина беа и Филип Ѓорѓиев, Коче Гаврилов и Владимир Атанасов каде што говореа за студентскиот стандард, мерките во однос на спортот и мерките за култура.
ums3
На трибината свое обраќање имаше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес каде што напомена дека токму од ваква трибина органиирана во овој град произлегла идејата за новие 150 баскет игралишта.
Како што највија организаторите на трибината дека ваквиот тип на комуникација со младите ќе продолжи и понатаму во секоја општина во Македонија.
Претходно «
Следно »