Триесет години од ocветувањето на coборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Поврзано

Дeнecкa e Св. aпocтoли Јасон и Сосипатар

Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија....

Митрополитот Петар открива: Исламските политичари издејствувале да нема полициски час за Велигден, исто како и за Бајрам

Митрополитот преспански пелагониски, Господин Петар, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, зборувајќи за...

Дeнecкa e Св. aпocтoл Cимeoн, eпиcкoп Еpycaлимcки

Свршеникот на Дева Марија, Јосиф, имаше брат по име Клеопа кој живееше во Ерусалим. Во неговото семејство се родија...
- Advertisement -

– Света архиерејска литургија ќе се отслужи денеска во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје по повод 30 години од неговото осветување. Со литургијата на Празникот на сите македонски светители, востановен во спомен на Црковно-народниот собор одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, ќе началствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение на повеќемина архијереи од САС на МПЦ и свештенослужители од епархиите.

Пред почетокот на литургијата, ќе биде осветен севкупниот фрескопис во храмот, кој, по неколкуте фази на сликање низ годините, е целосно завршен. -Темелите за градба на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, се поставени во 23 април 1972 година, а осветени од првиот поглавар на возобновената Охридска Архиепископија како МПЦ, блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски Доситеј, во сослужение на архијереи од тогашниот САС на МПЦ, како и на повеќемина свештенослужители, меѓу кои и двајца свештеници од сестринската Српска православна црква, наведуваат во соопштение од МПЦ.

Храмот е осветен на 12 август 1990 година од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква, архиепископот Гаврил, во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски синод, повеќемина свештенослужители и многуброен народ од државава и од иселените Македонци по светот.

Latest News

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

More Articles Like This