Стриптизерка ги пречека децата – родителите шокирани!

  • September 4, 2018

Скандалозен дочек на децата и родителите за почеток на новата учебна година е причина за отказ на Лаи Ронг, директорката на градинка во кинескиот град Шенжен.

Околу 500 деца на возраст од три до шест години и нивните родители во градинката биле забавувани од страна на „егзотична танчерка“. Девојката започна да се врти околу шипката, додека пак родителите во неверица им ги покираа очите на своите деца и започнаа да ја напуштаат „претставата“.

„Немав лоша намера. Танчерката само требаше да направи добра атмосфера за првиот ден во градинката. Сега сфаќам дека мојата одлука не била добро промислена и се каам поради тоа“, изјавила директорката на градинката која се правдала дека ангажирала и џез музичари и група која што изведува традиционален кинески танц.

Сепак, госпоѓата Лаи Ронг секако добила отказ, посебно откако видеото од „контроверзното отворање на учебната година“ протече во јавноста.

Претходно «
Следно »