February 28, 2021, 2:08 am

Трипуновски потсети: Апeлирав уште во февруари за катacтpoфалната состојба со Преспанското езеро, власта е главниот винoвник за ова

Поврзано

Георгиевски: Бугарскиот пapлaмeнт дa дoнece дeклapација дека македонската нација и jaзик ce фopмиpaни пocлe 1944

Екс премиерот Љубчо Георгиевски, на Фејсбук гo коментараше актуелниот  македонско-бугарски спор. Неговото размислување кое наиде на бројни негативни коментари, ви...

Филипче aпeлиpa maтичнитe лeкapи дa ги пpиjaвyвaaт хpoничнo 6oлнитe зa вakциниpaњe

Министерот за здравство д-р Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку...

(Видео) АА и А го “нokayтиpaa” Заев: “Ce ceќaвaтe кoгa виe фpлaвтe кaмeњa и пaлeвтe инcтитyции?”

Спречувањето на вчерашниот протест од страна на полицијата е противуставно, но и противзаконско, велат од коалицијата Алијанса за Албанците...
- Advertisement -

Цветан Трипуновски, претседател на Републичката комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во вечрашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, вели дека сликата со пресушеното Преспанско езеро е траотна, додвајќи дека на некои места истото е повлечено и до 500 метри.

Она што е највпечатливо беше за Преспанското езеро, таму сликата е траотна вака метахорички кажано можам да кажам дека на Преспанското езеро му се бројат ребрата, толку е повлечено на делови буквално блатото е веќе исушено каде што порано било некогаш плажа сега е повлечено. Имав прилика да разговарам и со неколку мештани кои што ги сретнав значи не се сеќаават во минатото да имало вакви ситуации. Да знаело да се повлече но волку драстично кон средината на ерезото на некои делови и до 500 метри е повлечено, тоа е навистина многу страшна глека да се види во живо, вели тој.

Трипуновски истакна дека тој уште во месец февруари алармирал за ваквата состојба, но власта не реагирала, посочувајќи дека најодговорен за ваквата состојба на Преспанското езеро е токму власта и АД ЕЛЕМ кој во текот на летниот период за да прикажат дека нешто работат прекумерно ја трошеле водата за да произведе електрична енергија.

Јас за оваа состојба алармирав уште во февруар месец, знаете во тој период бев дополнителен технички министер за земјоделство и уште тогаш имаше најава дека може да се случи еколошкка кататстрофа во тој регион. Власта во тој период смогне сили односно да ги вклучи сите екперти од областа за да може да стопира овој егзодус. Со последната посета кога бев практично езерото е пресушено. Зошто? Знаете дека со каналската мрежа е поврзано со Охридското и Преспанското го полни Охридското, а од Охридското преку Црн дрим се одлева и се прави електрична енергија. Она што јас можам да го воочам и од разговори со сите експерти е дека главен и одговорен виновник е власта. Тоа значи дека владата односно АД ЕЛЕМ, за да покажи дека нешто работи во летниот период прекумерно ја трошеше водата за да произведе електрична енергија од Охридското езеро и по дифолт го испразни Преспанското езеро. Тоа е главната вина за ова што се случи сега, истакна Трипуновски и додаде дека со посебен закон од 2015 година за прогласување на Преспанското езеро за споменик на природата.

Знаете дека Преспанското езеро е заштитено со закон, во 2015 година е донесен посебен закон за прогласување на Преспанското езеро за споменик на природата. Јас го проучив законот и увидов дека практично градоначалникот е тој што треба да се грижи за Преспанското езеро. А она што можеме дека го видиме изминатите денови и месеци е дека практично никој од локалната, ниту од централната власт, ниту па некој од министрите респрни за овој проблем не потегнуваат да се стопира овој егзодус.

Тирпуновски рече дека во моментот езерото е намалено за 9 метри укажувајќи дека за езерото да се врати во правобитна состојба ќе треба да има многу вржени и снег, но доколку тоа не се случи, се плаши дека Преспанското езеро може целосно да исчезне.

Преспанското езеро е намалено за 9 метри, за да се врати езерото во правобитна состојба треба прво езерото да има влажна зима, односно да има доволно врнежи на снег и на дожд. Се надевам дека ќе се случи тоа, но ако не се случи тоа се плашам дека Преспанското езеро ншето национално богатство признаен дома и надвор од нашите граници целосно ќе исчезне, а со тоа ќе исчезне и флората и фауната, кажа Трипуновски.

Latest News

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

More Articles Like This