Тричковски: Ќе дадеме се од себе, тука ја претставуваме цела Македонија

Поврзано

- Advertisement -

Maкедонската репрезентација веќе неколку дена се наоѓа во Букурешт, Романија каде вечерва и официјално започнува Европското првенство на кое Македонија се пласира за прв пат во фудбалската историја.

На денешниот брифинг за новинарите, говореше еден од најискусните играчи во тимот, Иван Тричковски.

„Сезонава на Кипар и головите таму ми даваат мотив плус, како добри припреми за ова натпреварување. Европското првенство носи позитивен притисок, но навикнат сум. Ова е специјално натпреварување, прв пат сме тука и ќе дадеме сè од себе. Ова е остварување на сонот, на нас и целата земја. Успехот веќе го направивме, ама сега се надеваме дека ќе го надополниме. Притисокот од мечот со Австрија е огромен, ама и мотивација плус. Иако не одигравме добро со нив во минатото, а тоа ќе не мотивира. Докажавме дека сме зрели за вакво натпреварување. Сепак, дебитанти сме и очекувањата се измешани. За нас, најважно е дека го познаваме својот квалитет и во наредните денови ќе бидеме целосно спремни“, вели Тирчковски.

Тој истакна дека македонската репрезентација креирала специфичен и препознатлив тип на игра кој носи големи резултати

„Можам да кажам дека уживаме во моментите пред Европско првенство. Сепак, чувствуваме и одговорност, знаеме каде сме и што следи. Ова ЕП значи многу за нас и цела Македонија. Атмосферата е секогаш на високо ниво. Долго сме заедно и се функционира перфектно. Многу работи ќе зависат од нас самите. Креиравме и направивме наш претпознатлив стил на игра. Тоа донесе големи резултати, но секој натпревар ќе биде различен. Мали детали ќе одлучуваат за резултатите. Ќе се направи анализа и тактичкиот дел на Европското првенство мора да се одработи перфектно. На вакво ниво, ситниците можат да бидат клучни.

Latest News

Седиме на темпиpaна бomба: Економистите на Дојче банк со стpaвично пpeдупредување за декадата на инфлациja

Понатамошното игнорирање на инфлацијата ќе ја одведе глобалната економија до голема криза, се вели во последниот извештај издаден од...

More Articles Like This