ТРИ ГЛАСА ЈА СПАСИЈА ВЛАДАТА НА ЦИПРАС: Грчкиот парламент едвај изгласа доверба на Владата на Ципрас

  • May 11, 2019

Владата на Грција преживеа гласање за доверба во парламентот кое беше побарано од премиерот Алексис Ципрас скоро две недели пред изборот за Европски парламент.

За владата на премиерот Алексис Ципрас гласале 153 пратеници од 300. Неговата лeвичарска партија Сириза има 145 места во парламентот, но добил поддршка и од  8 независни пратеници.

Ципрас сакаше да добие поддршка од парламентот за да ја зајакне својата положба пред европските и локалните избори на 26. мај и парламентарните предивдени на есен.

На тридневната расправа што започна во средата попладне и траеше околу 29 часа, збор зедоа 112 говорници, меѓу кои и премиерот, лидерите на политичките партии и министри од Владата.

На гласањето му претходеше обраќање на лидерите на политичките партии, а расправата со говор ја заврши грчкиот премиер.

Претходно «
Следно »