September 24, 2021, 6:49 pm

Три града во државата без KoBид-19, во два по еден позитивен на kopoна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во државата до завчера вкупно се вакцинирале 239.283 граѓани, а само во вторникот биле аплицирани 15.155 вакцини. Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, три града во земјава – Демир Капија, Пехчево и Дојран, немаат ниту еден активен случај на Ковид-19, а во Дебар и Валандово има само по еден.

Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани.

Една доза примиле 47 отсто од населението над 70 години, а 41 процент кај лицата над 65.

– Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура, велат од Министерството за здравство.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Во насока на подигнување на свеста за потребата од вакцинација, вчера во Прилеп, невладината „Станица П.Е.Т.“ спроведе креативна акција насловена „Информирај се, пријави се и вакцинирај се!“.

Од оваа главна креативна акција се очекува да произлезат помали акции во ромската населба „Тризла“, како и руралните места во кои граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација. Акцијата нуди и дополнителни вистинити информации преку кои би се ослободиле од лажните вести поврзани со вакцинацијата што постојано се шират по социјалните мрежи.

Министерството за здравство ја поддржа апликацијата „CоmmonPass“ за издавање на дигитални здравствени сертификати. Преку новата апликација „CоmmonPass“, на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард „Smart Health Card“.

Тоа, како што информираа вчера од МЗ, за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат Ковид-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност.

Апликацијата „CommonPass“ е создадена од мрежата „CommonTrust“ и Светски економски форум, во рамки на проектот „The Commons Project“, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за заемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите.

Во државата досега вкупно се инфицирале 155.345 лица. Вчера беа регистрирани нови 43 случаи позитивни на коронавирусот од направени 3.007 тестирања или 1,4 отсто. Пријавени се шест починати и 48 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070. Најмногу активни има во Скопје – 444, потоа следи Куманово – 108, Прилеп – 57,
Охрид – 54, Битола – 51. Во Демир Капија, Пехчево и Дојран нема ниту еден активен случај, а во Дебар и Валандово само по еден.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 164 пациенти со Ковид-19. Има околу 490 празни болнички кревети во ковид – центрите. Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците во другите градови има 99 хоспитализирани пациенти.

Во претходното деноноќие, во Скопје на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ немало примени пациенти, четири биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на завчерашниот ден.

Во ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат осум пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во Штип се лекуваат 10 лица, на инфективното одделение во Тетово има шест пациенти, во Велес осум болни, а во Куманово 23 пациенти. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 15 пациенти, во Прилеп шест, во ковид – центарот во Гостивар четири, а во Струга 78 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се седум пациенти, во Кичево двајца и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната средба со високата делегација од американската сојузна држава Вермонт, предводена од заменик-гувернерката Моли Греј и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт, на која присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, истакна дека без поддршката на САД „ќе беше невозможно да успееме да управуваме со здравствената криза на начин на кој го сторивме тоа“.

Во рамки на бројните донации, како поддршка за справување со ковид пандемијата, САД на нашата земја вчера и донираше 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација, за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Во светот досега се регистрирани околу 172 милиони позитивни на коронавирусот, починати 3,7 милиони лица, а оздравени околу 155 милиони луѓе.

Десетици земји вчера ветија речиси 2,4 милијарди американски долари за финансирање на дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата Ковакс за да ги направат подостапни за луѓето во посиромашните земји.

Најавите за донации, што се движеа индивидуално од 2.500 американски долари од островската држава Маурициус, до десетици милиони долари и дози на вакцини од поголеми и побогати земји, дојдоа за време на видео-самитот организиран од Јапонија и Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ), што ја спроведува програмата Ковакс заедно со Светската здравствена организација.

Од Русија пристигна веста дека во таа држава е регистриран лекот „Лајтрагин“ за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирус.

Лекот во спреј „ Лајтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот.

Утре во Белград, во Институтот Торлак, почнува производството на руската „Спутник В“.

– Србија е прва земја во Европа која ќе произведува вакцини „Спутник В“ и за таа цел ќе има свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери од Србија и Русија, најави на својот Твитер профил министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ.

Претходно рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и го одобри производството на „Спутник В“.

Latest News

Една петтина од починaтитe починaлe истиот ден кога биле примени во болница

Пулмологот Дејан Докиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 како една од причините за високата смртност од корона...

More Articles Like This